Упис на ученици
  СОУ„Димитар Мирасчиев“ Штип
Home
Упис на ученици
Педагошки мерки
Модeли на испити
Полагање испити
Ученички активности

 

 

интерен оглас

Статус на редовен или вонреден ученик во средното образование се стекнува со запишување во средното образование.

Запишувањето на редовни ученици во јавните средни училишта, се врши по пат на јавен конкурс објавен во јавните печатени медиуми.

СОУ „Димитар Мирасчиев” во учебната 2020/2021 година во прва година, согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта, ќе се запише 170 ученици во 5 паралелки од следните образовни профили односно  квалификации:

Образовен профил

Број на паралелки

Траење на образованието

Минимум потребни поени

Техничар за изработка на облека

1

 4 годишно траење

45

Техничар за моделирање на облека

1

 4 годишно траење

45

Техничар за дизајн на облека

1

 4 годишно траење

45

Техничар за обувки / Техничар за моделирање на обувки

1

 4 годишно траење

40

Конфекционер 

1

3 годишно траење

30

Кликни на линкот за да си ги пресметаш бодовите за запишување

Пресметка на поени за упис.xls

 

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

  •  да имаат завршено основно образование;

  •  да не се постари од 17 години;

  •  да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој конкурс;

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  •  пријава за запишување (се подига од училиштето и истата е бесплатна);

  •  оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

  •  дипломи (доколку имаат) од освоени I, II и III места од меѓународни и државни напревари од .......

  •  извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавањето.
     

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениоците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две во месец јуни и еден во месец јули.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16 и 17 јуни 2020 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни 2020 година.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа а училиштата имаат обврска да ја вратат.

Второ пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2020 година.

Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 29 јуни 2020 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2020 година.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 24 август 2020 за што доствауват доказна докумнетација.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

 

К О Н К У Р С
за запишување ученици
во јавните средни училишта за учебната 2020/2021 година
во Република Македонија

 

П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во
критериумите за рангирање на успехот на учениците

струка Наставни предмети кои се задолжителни Наставни предмети кои се од значење на струката
Текастилно-кожарска мајчин јазик и странски јазик хемија и математка

 

УПАТСТВО ЗА ПРЕМИН ОД ЕДЕН ВО ДРУГ ВИД НА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

Запишувањето на воредни ученици во јавните средни училишта, се врши со поднесување барање до училиштето (наставнички совет).

Вонредните ученици образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање на испити според одредени планови и програми во средното училиште во кое се запишале како вонреден ученик. Како вонреден ученик може да се запише  лице кое е постаро од 17 години, кое е на подолго боледување, кое е во работен однос или во други случаеви утврдени со статутот на училиштето. Насоки за запишување вонредни ученици

Хоризонталната проодност дава можност, ученикот во текот на своето образование да го менува видот на образование пред неговото завршување и да продолжи во друг вид образование, но под јасно утврдени услови.

Ученикот може да премине од еден во друг вид на програми за средно образование по завршување на учебната година во едниот вид на образование, со запишување во другиот вид на образование во уписните рокови предвидени со конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта за тековната учебна година (јуни и август).

 

Home | Упис на ученици | Педагошки мерки | Модeли на испити | Полагање испити | Ученички активности

Web страната ја изработи проф. Васил Костов, дипл.инг

This site was last updated 04/07/20